Хроника пожар

Лишен од слобода радовишанец затоа што предизвикал пожар

На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш.

Лишен од слобода радовишанец затоа што предизвикал пожар

На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш.

Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од Хроника

To top