Хроника полово вознемирување

Лице од Прилеп со закани кон јавна обвинителка и нејзината ќерка

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Полово вознемирување од член 190-а, Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 и Демнење од член 144-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ПР службата на Јавно обвинителство.

-Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како Јавен обвинител. Во објавите осомничениот неовластено користел приватни и семејни фотографии на оштетената. Преку социјалните мрежи тој директно праќал пораки со вознемирувачка содржина до ќерката на јавната обвинителка, предизвикувајќи кај неа непријатност, навреденост и страв. Осомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, што укажува на опасноста тој да повторува вакви кривични дела, истакнуваат од ЈОРСМ

Поради тоа, како и фактот дека постојат околности кои укажуваат на опасноста осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и Судот со решение му определи притвор во траење од 8 дена, додаваат од ЈОРСМ

To top