ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
-На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот, информира МВР.