Хроника

Кривична за скопјанец, возел такси без лиценца и сертификат

Кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.

Кривична за скопјанец, возел такси без лиценца и сертификат

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од с.Марино, општина Илинден – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.

На 13.12.2023 на локален пат с.Богородица, гевгелиско – с.Стојаково, општина Богданци, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „шкода октавија” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца за возилото и без да поседува сертификат за авто-такси возач.

To top