СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(57), Р.П.(35), И.П(34) и А.П.(31), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
На државен имот во с.Трпејца, охридско, каде сопственици се пријавените, бил пробиен пат со помош на механизација, при што била уништена вегетација спротивно на условите на Јавната установа – Национален парк „Галичица“.