СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.М.(57) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 05.03.2025 на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица Сопот, откако ги забелажал полициските службеници пријавениот фрлил две пакувања хероин од патничко возило „фолксваген голф“, во кое бил со уште едно лице, соопшти МВР.