Хроника ОВР Струга

Кривична пријава за охриѓанец, еве што најде полицијата во неговиот автомобил

При преглед во патничко возило „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин и хероин.

Кривична пријава за охриѓанец, еве што најде полицијата во неговиот автомобил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При преглед во патничко возило „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин и хероин. (МИА)

To top