Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(33) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 09/10.10.2023 година, при претрес во неговото патничко возило „голф“ биле пронајдени 2048,2 грама амфетамин, кокаин и четири таблети MDMА. При извршен претрес во домот на пријавениот бил пронајден пиштол.