На 26.03.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско.
-Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото, информира МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.