Вчера во 12:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на ул. „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(65) од Кочани, удрило во пешакот В.К.(65) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.