Хроника ГП Богородица

Кинези илегално влегле во Македонија

По извршена проверка и контрола било констатирано дека лицата илегално влегле во државата.

Кинези илегално влегле во Македонија

На 06.03.2024 во 15:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во коритото на Сува Река ги пронашле  Л.Х.(49), Т.Л.(34),  В.Л.(32), Л.Х.(41) и Д.Ј.(31), сите од Народна Република Кина.

По извршена проверка и контрола било констатирано дека лицата илегално влегле во државата.

Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.

 

To top