Хроника

Кинески гранати пронајдени покрај река во гостиварско

Кинески гранати пронајдени покрај река во гостиварско

Четири експлозивни направи биле пронајдени вчера попладне на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информира дека случајот во полиција бил пријавен од В.В. од Гостивар кој гранатите ги нашол под карпа покрај река.

-Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот, истакнува Реџепи.

To top