Хроника Ја пречекориле брзината

Казнети 176 возачи за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Казнети 176 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

To top