Хроника МВР

Казнети 130 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Казнети 130 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за користење мобилен телефон при возење…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

To top