СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.П. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 12.04.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над 37-годишник од Прилеп, при што пронашле и одзеле хероин, кој претходно го купил од пријавениот.