Хроника СВР Скопје

Измамена старица: Ја излажале дека нејзината ќерка прегазила дете, таа платила да не лежи во затвор

Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите.

Измамена старица: Ја излажале дека нејзината ќерка прегазила дете, таа платила да не лежи во затвор

На 10.06.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари.

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top