На 05.01.2024 во 13:10 часот во СВР Куманово, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари.
Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и, откако се договориле, му побарало пари за да го наполни камионот со гориво за да му ги донесе, но не се вратило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.