Хроника Мала Речица

Истрага за пронајдена марихуана во Тетово

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор.

Истрага за пронајдена марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана. Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.

To top