На 06.04.2024 во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување и по завршување на првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на ГРК „Тиквеш 2014“ од Кавадарци и ГРК „Охрид“ од Охрид, повеќе лица од навивачките групи на двете екипи запалиле пиротехнички средства и ги фрлале на трибините кон останатата публика и кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија.
Притоа, по завршување на натпреварот, едно лице од навивачката група од Охрид фрлило пиротехничко средство кон полициски службеник и му нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.