На 08.08.2024 во 22:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Карпош при СВР Скопје ги лишиле до слобода Б.С.(32) и Б.С.(22), двајцата од Скопје, додека на 09.08.2024 во 02.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(29) од Скопје.
Тие се сомничат дека на 08.08.2024 околу 21:30 часот пред казино во Скопје учествувале во физичка пресметка во која со остар предмет бил повреден А.Г.(33) од Скопје.
Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Тројцата лишени од слобода биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна пријава.