Хроника СВР Тетово

Го барале со потерница, а дома му најдоа хероин

При претрес извршен во неговиот дом на 22-ри минатиот месец, на кој А.Е. не бил присутен, бил пронајден хероин.

Го барале со потерница, а дома му најдоа хероин

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (05.12.2023) околу 20:00 часот во Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот А.Е. од Тетово.

При претрес извршен во неговиот дом на 22-ри минатиот месец, на кој А.Е. не бил присутен, бил пронајден хероин.

Инаку, тој со судска наредба и по распишана потерница се барал и за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

To top