Хроника Дебар

Ги принудувала децата да питачат, мајка доби кривична пријава – ова се деталите

-Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца и ги присилувала да питачат во Дебар, информираше Димоски.

Ги принудувала децата да питачат, мајка доби кривична пријава – ова се деталите

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против жителка на Струга која ги принудувала своите деца да питачат во Дебар.

Според Стефан Димовски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривична пријава е поднесена против С.Н.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

-Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца и ги присилувала да питачат во Дебар, информираше Димоски.

Ова не е прв ваков случај. Неодамна поради истите основи на сомненија кривична пријава беше поднесена, исто така, против жителка на Струга.

Таа, ја запоставила својата родителска должност за грижа на двете малолетни ќерки и свесно ги поттикнувала да вршат питачење со цел стекнување противправна имотна корист.

Во Дебар редовна е појавата на питачење,  но само на лица од други градови, пред се Прилеп, Струга и Велес, поради што и општина Дебар реагираше и побара соодветни мерки од надлежните служби. (МИА)

To top