Денеска (09.08.2024) во 00.10 часот во пехчевско село, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево го лишиле од слобода М.Д.(43) од истото село, постапувајќи по пријава дека на 08.08.2024 во семејниот дом физички ги нападнал својата 46-годишна сопруга и нивниот малолетен син, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.