На раскрсницата кај „Веро“ во Аеродром, на Булевар „Јане Сандански“ во Скопје попладнево се случи сообраќајна несреќа во која, според очевидци, повредена е една жена.
Во сообраќајката учестувале „киа пиканто“ и „адуи А3“, при што автомобилот „киа пиканто“ се превртел. Неофицијално, жена е повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Од МВР за Курир потвруваат дека во несреќата едно лице е повредено и е надвор од животна опасност. Повреденото лице е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
На местото на несреќата има возило на Противпожарна заштита.