Автомобил „БМВ“ сопственост на М.Г., синоќа беше целосно опожарен во Охрид.
Од охридската полиција потврдуваат дека пријава за опожарено возило добиле утрината околу 3 часот. По увидот и насоките од обвинител ќе се утврдуваат причините за опожарувањето.
Од противпожарната единица во Охрид преку социјалните мрежи информираа дека имале тежок пристап до запалениот автомобил поради несоодветното паркирање на возила.
-Ноќеска нешто по 01:30 ТППЕ Охрид прими дојава за запалено возило во стар дел на град, на тешко пристапен терен. Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош, велат од ТППЕ Охрид.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.