Хроника На Фејсбук

Фирма и две лица злоупотребиле лични податоци, еве што направиле

Правното лице и пријавените во својство на управители, спротивно на законските прописи и без знаење, согласност и дозвола на Н.З. од Кичево, ги прибирале неговите лични податоци и фотографија од неговата патна исправа, кои ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Фирма и две лица злоупотребиле лични податоци, еве што направиле

СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и сопствениците и управители на правното лице А.К.(43) од Штип и М.В.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 09.01.2023, правното лице и пријавените во својство на управители, спротивно на законските прописи и без знаење, согласност и дозвола на Н.З. од Кичево, ги прибирале неговите лични податоци и фотографија од неговата патна исправа, кои ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Теми на денот

To top