СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и сопствениците и управители на правното лице А.К.(43) од Штип и М.В.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 09.01.2023, правното лице и пријавените во својство на управители, спротивно на законските прописи и без знаење, согласност и дозвола на Н.З. од Кичево, ги прибирале неговите лични податоци и фотографија од неговата патна исправа, кои ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.