Хроника извршен увид

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Приведени четири лица, краделе од поранешна фабрика во Велес

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Приведени четири лица, краделе од поранешна фабрика во Велес

На 01.07.2024 во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово.

Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката.

-Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

To top