Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 14.04.2023, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште едно лице при користење наркотични дроги, а при преглед на возилото, исто така, била пронајдена и одземена фолија со остатоци од прашкаста материја.