На 29.09.2025 во 12:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Крушеански чаир” во атар на с.Врбјани, прилепско, била пронајдена експлозивна направа.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.