Хроника МВР

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Крвавата драма се случила попладнево во Велес кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себе си.

-Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале.

Потоа, исто така, примено е и момче на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт, изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Потпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска најави официјална информација за немилиот настан.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Неофицијално жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

Поврзани теми

To top