Две жени и еден малолетник од Скопје, во посебни случаи, во текот на вчерашниот ден биле искасани од кучиња скитници.
На 01.10.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Р.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.10.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.