На 28.07.2024 во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.