Хроника СВР Штип

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“, В.Д.(24) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа

Денеска (23.08.2024) во 01:10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Плачковица, кон с.Караорман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(68) и патничко возило „ауди а 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27), двајцата од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“, В.Д.(24) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

Најнови вести од Хроника

To top