Хроника

Две лица пронајдени починати во своите домови во Скопје, немале траги на насилство

Две лица пронајдени починати во своите домови во Скопје, немале траги на насилство

Полицијата вчера регистрира два случаи на починати лица во Скопје.

Во 08.00 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, околу 14:40 часот бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Како што информира МВР, во двата случаи, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција.

To top