На 12.09.2024 во 23:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево ги лишиле од слобода Д.М.(40) и А.С.(41), двајцата од Кичево, затоа што при преглед кај нив, кај А.С. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.