На 24.08.2024 околу 10:00 часот во полициска станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража во близина на с. Ново Село од патот излетал мотор „сузуки“ со кумановски регистерски ознаки, управуван од С.С. (30) и сопатничка М.Т. (23), двајцата од Куманово.
Во несреќата двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.