Хроника

Две безживотни тела пронајдени по пожар во куќа во скопско

Две безживотни тела пронајдени по пожар во куќа во скопско

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар.

Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.

-Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат, информираат од МВР за Курир.

Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

 

Најнови вести од Хроника

To top