На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Марко Цепенков“ во Охрид.
Истиот ден во СВР Охрид е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација кај стрелиштето „Бејбубнар“, избувнал пожар.
И во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.