На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа Ј.Н.(20) од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин, соопшти портпаролот на СВР Охрид, М-р Стефан Димоски.
-При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава потенцира во соопштението.