На 19.12.2023 во 14:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави.