Хроника

Драма кај Марков манастир: Се обидел да удри полицаец со автомобил, избегал, па бил пронајден и уапсен

Драма кај Марков манастир: Се обидел да удри полицаец со автомобил, избегал, па бил пронајден и уапсен

На 16.06.2024 околу 22.10 часот во с.Варвара, општина Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А(26) од с.Малчиште, општина Студеничани.

-Околу 20.00 часот на патот кон Марков манастир тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возило „фолксваген венто“ без регистарски ознаки се обидел да удри полициски службеник, а по преземени мерки тој бил пронајден и лишен од слобода, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top