Хроника

ДО КАДЕ ОДИ КРЕАТИВНОСТА НА ШВЕРЦЕРИТЕ: Спречен обид за нелегално внесување на евра во земјава, еве каде биле скриени (ВИДЕО)

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

ДО КАДЕ ОДИ КРЕАТИВНОСТА НА ШВЕРЦЕРИТЕ: Спречен обид за нелегално внесување на евра во земјава, еве каде биле скриени (ВИДЕО)

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата.

Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

To top