На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци.
Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото.
Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.