На 16.09.2024 во 18:00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.