СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ при вршење семејно насилство и „демнење“.
Пријавениот, во повеќе наврати упатувал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна партнерка, ја следел, а на 28.05.2024 ја пресретнал пред зградата во која живеела, при што ѝ упатил закани.