Хроника

Девет годишно девојче удрено од автомобил, со тешки повреди пренесено во болница

Девет годишно девојче удрено од автомобил, со тешки повреди пренесено во болница

На 02.06.2025 во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с.Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Најнови вести од Хроника

To top