Хроника

Дете (10) нападнато во училиште од соученици, му се заканувале и го снимале

Дете (10) нападнато во училиште од соученици, му се заканувале и го снимале

На 03.09.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Б.Н.(37) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, информира полицијата.

Според пријавата, напаѓачите потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top