Демолирана е црквата Свети Атанасиј во Тетовско Кале.
Според информациите од МВР, во периодот од 20 до 30 март, во црквата, непознати лица го скршиле катанецот на влезната врата, ги скршиле стаклата на прозорците, но не одзеле ништо.
Увид извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.