Хроника

Дедо во инвалидска количка тешко повреден откако во него удрил автомобил

Дедо во инвалидска количка тешко повреден откако во него удрил автомобил

На крстосницата од бул.,,Ленинова”, ул.,,Браќа Миладинови” и ул.,,Цветан Димов“ во Струмица вчера околу 8 часот се случила сообраќајна несреќа во која повредено е едно лице.

-Патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки управувано од З.К.(59) од Струмица удрило во инвалидска количка управувана од П.К.(86) од с.Добрејци, струмичко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К. констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.

To top